Екипата на Алкалоид ја очекува натпревар на гостински терен против тимот на АЕК Атина од Грција во првиот натпревар од финалето од Европскиот Куп.
Екипата на Алкалоид го одржа последниот тренинг пред заминувањето за Грција. На тренингот беше присутен и Генералниот директор/Претседател на УО на АЛКАЛОИД АД Скопје, г. Живко Мукаетов, кој го поздрави тимот, а на играчите им посака среќа и успех и им порача дека верува во нивните квалитети за позитивен резултат, пред реваншот за трофеј во Скопје.
Играчите и стручниот штаб му се заблагодарија за поддршката и ветија максимална борба, за нов европски клупски успех.
(фото – Рк Алкалоид)📷