Екипата на Алкалоид направи сензација, откако во Автокоманда го совлада тимот на Вардар 1961 со 22-21 во натпревар од плеј-офот во Супер лигата.
Алкалоид од почетокот на натпреварот го презеде водството, па на пауза замина со предност од 13-10. Во второто полувреме беше неизвесно и драматично, но на крај Алкалоид успеа да погоди за победа против Вардар 1961.
Најефикасен во тимот на Алкалоид беше Мартин Серафимов со седум гола, додека кај екипата на Вардар 1961 најефикасен беше Дејан Манасков исто така со седум гола.
(фото – Рк Алкалоид)📷