Екипата на Алкалоид го совлада тимот на Куманово со резултат 40-26 во второто коло од Супер лигата.
Алкалоид на пауза имаше висока предност од 10-19. Во второто полувреме Алкалоид продолжи да го полни голот на Куманово, за на крај да слави убедлива победа во Супер лигата.
Најефикасен во тимот на Алкалоид беше Александар Стојков со осум гола, додека кај екипата на Куманово најефикасен беше Вучко Мрвовиќ со девет гола.
(фото-Рк Алкалоид)📷