Екипата на Алкалоид го совлада тимот на Охрид во СЦ “Билјанини Извори”, со конечен резултат 28-22 во Супер лигата.
Тимот на Алкалоид направи високо водство, и на полувреме замина со 16-10. Во второто полувреме Охрид се обидуваше да се врати, но не доволно за победа.
Најефикасен во тимот на Алкалоид беше Марко Митев со девет гола, додека кај екипата на Охрид најефикасен беше Гал Цирар со шест гола.
(фото – Рк Алкалоид)📷