Екипата на Алкалоид го совлада тимот на Тиквеш со резултат 35-26 во натпревар од 16. коло од Супер лигата.
Тимот на Алкалоид уште на полувреме имаше висока предност од 21-9, па така стигна до победа против Тиквеш.
Најефикасен во тимот на Алкалоид беше Александар Петковски со девет гола, додека кај Тиквеш најефикасен беше Игор Кривокапиќ со шест гола.
(фото – Рк Алкалоид)📷