Екипата на Алкалоид го совлада тимот на Еурофарм Пелистер со резултат 32-25 во 8. коло од Супер лигата.
Тимот на Алкалоид од почетокот на натпреварот ја имаше контролата на резултатот, па на крај славеше против Еурофарм Пелистер.
Најефикасен во тимот на Алкалоид беше Мартин Серафимов со осум гола, додека кај Еурофарм Пелистер најефикасен беше Филип Кузмановски со 12 гола.

(фото – Рк Алкалоид)📷