Екипата на Алкалоид забележа победа на гостувањето кај екипата на Охрид со резултат 36-28 во плеј-офот од Супер лигата.
Во првото полувреме беше израмнето, но сепак во второто полувреме со добра игра Алкалоид успеа да го надигра тимот на Охрид.
Најефикасен во редовите на Алкалоид беше Игор Ѓорѓиев со шест гола, додека кај Охрид најефикасен беше Теимураз Орјоникидзе исто така со шест гола.
(фото – Рк Алкалоид)📷