Екипата на Алкалоид забележа победа на гостувањето кај екипата на Прилеп со резултат 40-30 во Супер лигата.
Тимот на Алкалоид и на полувреме имаше водство од 18-13, па така на крајот славеше против Прилеп.
Најефикасен во редовите на Алкалоид беше Александар Петковски со девет гола, додека кај Прилеп најефикасен беше Никола Цветаноски со седум гола.
(фото – Рк Алкалоид)📷