Екипата на Алкалоид забележа победа против екипата на Тиквеш со конечни 27-24 во плеј-офот од Супер лигата.
Составот на Алкалоид и на полувреме имаше водство од 17-11. Во второто полувреме Тиквеш се обидуваше да се врати, но сепак на крај загуби од Алкалоид.
Најефикасен во редовите на Алкалоид беше Мартин Серафимов со шест гола, додека кај Тиквеш најефикасен беше Игор Кривокапиќ исто така со шест гола.
(фото – Рк Алкалоид)📷