Екипата на Алкалоид забележа победа на домашен терен против тимот на Тинекс Пролет со 35-26 во Супер лигата.
Тимот на Алкалоид во текот на целиот натпревар имаше контрола на резултат, па на крај да слави победа против Тинекс Пролет.
Најефикасен во редовите на Алкалоид беше Дамјан Митев со 11 гола, додека кај Тинекс Пролет најефикасен беше Андреј Стојановски со пет гола.
(фото – Рк Алкалоид)📷