Алкалоид го совлада тимот на Јуниор Кисела Вода во последното коло од Првата лига

Ракометарите на Алкалоид славеа победа против Јуниор Кисела Вода со 33-25 во последното коло од Првата лига.

Екипата на Алкалоид добро го започна натпреварот, и на полувреме имаше предност од 17-13. Во вториот дел Алкалоид ја зачува предноста до крај и да забележи победа против Јуниор Кисела Вода.

Најефикасен во екипата на Алкалоид беше Мартин Серафимов со десет гола, додека кај екипата на Јуниор Кисела Вода најефикасен беше Горан Печенковски со осум погодоци.

(фото-Рк Алкалоид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести