Екипата на Алкалоид е нов шампион во пионерската лига во машка конкуренција, откако го совладаа Охрид во финалето со резултат 22-19.
Во натпреварот за третото место, односно за бронзата екипата на Струга триумфираше против Аеродром со 27-26.
Алкалоид во полуфиналето забележа победа против Аеродром со конечни 26-11, додека Охрид во полуфиналето го добри тимот на Струга со 26-23 по изведување на пенали, откако регуларниот дел заврши со нерешени 22-22.

(фото – Рк Алкалоид)📷