Екипата на Алкалоид е нов шампион во Европскиот Куп во машка конкуренција, откако го доби службено натпреварот со АЕК Атина од 10-0.
На првиот натпревар Алкалоид на гостувањето славеше со 29-25, додека на вториот натпревар на домашен терен тимот на АЕК Атина не излезе на терен, па така ЕХФ одлучи службена победа за тимот од Македонија.
“Честитки до нашите херои на теренот! Ова е резултат на страста, напорната тимска работа, пожртвуваноста и на непоколебливата верба”, – објавија од Рк Алкалоид.

(фото – Рк Алкалоид)📷