Составот на Алкалоид со победа над словенечката екипа Добова од 33:24 ја заврши својата мини турнеја низ Хрватска и Словенија.
На вчерашната средба, Алкалоид по изрмнетото прво полувреме, беше доминантен во вториот дел и постојано го зголемуваше водството со конечните 33:24.
Мартин Серафимов со девет, Арно Бинго со пет и Марко Стојковиќ со четири постигнати гола беа најефикасните играчи во тимот на Алкалоид.
(фото – Рк Алкалоид)📷