Екипата на Алкалоид замина за Атина (Грција) каде што во недела ќе го игра своето прво финале во ЕХФ Европскиот Куп.
Ракометарите во добро расположение ја напуштија Автокоманда и се упатија кон 700 километри оддалеченото боиште кое ќе биде запишано како историско за клубот.
Првиот натпревар од финалниот двомеч ќе се игра во недела со почеток од 18:00 часот во Атина, а директен ТВ пренос ќе има на МРТ.
(фото – Рк Алкалоид)📷