Екипите на Алкалоид и Голден Арт остануваат лидери во Првата лига, затоа што забележаа нови победи, а во следното коло ги очекува меѓусебен дуел.
Ракометарите на Алкалоид забележаа победа против Куманово со резултат 38-26. Најдобар кај екипата на Алкалоид беше Мартин Серафимов со седум погодоци, додека кај екипата на Куманово најдобар беше Влатко Тасевски исто така со седум погодоци.
Голден Арт убедливо славеше на домашен терен против екипата на Текстилец во натпревар од Првата лига. Како најдобар стрелец во екипата на Голден Арт се истакна Ивица Илиев со осум голови, додека кај екипата на Текстилец како најдобар стрелец се истакна Стојменов со четири погодоци.
(фото-Рк Алкалоид)