Екипата на Алкалоид забележа убедлива победа на домашен терен против Аеродром со убедливи 40-20 во Првата лига.
Алкалоид го имаше водството на полувремето од 16-9. Во вториот дел продолжи добрата игра на домашната екипа, за на крај да слави убедлива победа против Аеродром во Првата лига.
Најефикасен кај екипата на Алкалоид беше Теодор Тодески со осум погодоци, додека кај екипата на Аеродром најефикасен беше Иван Митревски со седум погодоци.
Рк Алкалоид 40-20 Рк Аеродром
(фото-Рк Алкалоид) 📷