Алкалоид победнички на гостувањето кај Еурофарм Пелистер 2

Алкалоид славеше над Еурофарм Пелистер 2 со 36-31 во рамки на десеттото коло од Супер лигата и остана единствен со максимален учинок.

Тимот на Алкалоид во текот на целиот натпревар беше во водство. Најефикасен во тимот на Алкалоид беше Мартин Серафимов со осум гола, додека кај екипата на Еурофарм Пелистер 2 најефикасен беше Христијан Митревски со седум гола.

(фото – Рк Алкалоид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.