Алкалоид победнички против Скопје 2020 за старт на Супер лигата

Екипата на Алкалоид со победа ја започна новата сезона во Супер лигата, откако на домашен терен славеше убедлив триумф против Скопје 2020 со 40-21.

Тимот на Алкалоид победата ја најави уште во првото полувреме, кога на пауза замина со високи 23-11. Второто полувреме беше само формалност Алкалоид да ја завери победата против Скопје 2020.

Најефикасен во тимот на Алкалоид беше Бинго со шест гола, додека кај екипата на Скопје 2020 најефикасен беше Киселовски исто така со шест гола.

(фото – Рк Алкалоид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.