Алкалоид подобар од Еурофарм Пелистер на пенали за прв трофеј во Купот на Македонија

Екипата на Алкалоид беше подобра на пенали од екипата на Еурофарм Пелистер со резултат 25-23 и за прв пат го освои трофејот во Купот на Македонија.

Во текот на целиот натпревар беше неизвесно и драматично. На крајот од натпреварот резултатот гласеше со нерешени 22-22, потоа на пенали подобра беше екипата на Алкалоид.

Најефикасен во редовите на Алкалоид беше Симоноски со пет гола, додека кај Еурофарм Пелистер најефикасен беше Пешевски со седум гола.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.