Екипата на Алкалоид загуби на гостувањето кај екипата на Бјерингбро Силкеборг со 35-31 во Лигата на Европа.
Екипата на Бјерингбро Силкеборг на пауза имаше минимално водство од 16-15. Во второто полувреме продолжи добрата игра на тимот од Данска, па на крај да се радува на победа против екипата на Алкалоид.
Најефикасен во тимот на Алкалоид беше Митев со девет гола, додека кај екипата на Бјерингбро Силкеборг најефикасни беа Нилсен и Болдсен со по шест гола.
(фото – Рк Алкалоид)📷