Екипата на Алкалоид славеше во дерби натпреварот со Тиквеш со конечен резултат 30-22 во натпревар од Супер лигата.
Алкалоид од почетокот на натпреварот диктираше темпо, на пауза имаше предност од 14-11. Тиквеш се обидуваше да се врати, но не доволно за победа.
Најефикасни во тимот на Алкалоид беа Арно Бинго и Иван Џонов со по пет погодоци, додека кај екипата на Тиквеш најефикасен беше Страхиња Симиќ со четири погодоци.
(фото – Рк Алкалоид)📷