Екипата на Алкалоид триумфираше на домашен терен против Македонија Ѓорче Петров во Првата лига со убедливи 38-19.
Составот на Алкалоид го имаше водството на полувреме со 13 гола разлика, 20-7. Во вториот дел Алкалоид продолжи да го полни голот на Македонија Ѓорче Петров, за на крај да слави убедлива победа со 38-19.
Најефикасен во екипата на Алкалоид беше Александар Стојков со девет погодоци, додека кај Македонија Ѓорче Петров најефикасен беше Александар Ѓорѓевски со пет погодоци.
Рк Алкалоид 38-19 Рк Македонија Ѓорче Петров

(фото-Рк Алкалоид)📷