Составот на Алкалоид забележа убедлива победа во Струмица кај Астраион со убедливи 17-44 во натпревар од Првата лига.
Алкалоид имаше водство на полувреме од 12-18. Во вториот дел добрата серија продолжи на гостинската екипа, а составот на Астраион немаше сили да возврати и мораше да се задоволи со убедлив пораз.
Најефикасен во Алкалоид беше Божидар Илиески со 11 погодоци, додека кај екипата на Астраион најефикасен беше Иванче Ончев со пет погодоци.
Рк Астраион 17-44 Рк Алкалоид
(фото-Рк Алкалоид)📷