Екипата на Алкалоид се пресели во Маврово и започна со тренинзите кои ќе бидат дел од висинско-базичните подготовки за новата сезона во Македонија и во Европа.
Тренерот Кирил Лазаров ги има сите ракометари на број, а во Маврово ќе се работи во следните десет дена.
Потоа ќе следи заминување во Србија и Хрватска каде следат пријателски средби со ривали од Балканот на кои ќе се темпира формата.
(фото – Рк Алкалоид)📷