Екипата на Алкалоид забележа победа на гостувањето кај екипата на Куманово со конечни 34-27 во натпревар од Првата лига.
Алкалоид на полувреме имаше предност од 15-11. Во вториот дел продолжи добрата игра на Алкалоид за на крај да забележи нова победа во Првата лига.
Најефикасен во составот на Алкалоид беше Тодески со шест голови, додека кај екипата на Куманово најефикасен беше Постоловски исто така со шест голови.
(фото-Рк Алкалоид)📷