Екипата на Алкалоид забележа нова победа во Супер лигата, откако на домашен терен го совлада Охрид со 30-24.
Тимот на Алкалоид на полувреме имаше предност од 15-12. Во второто полувреме се продолжи со добра игра на Алкалоид, па на крај да слави против Охрид.
Најефикасни во тимот на Алкалоид беа Мартин Серафимов и Арно Бинго со шест гола, додека кај екипата на Охрид најефикасни беа Теимураз Орјоникидзе и Владимир Бојаниќ исто така со по шест гола.
(фото – Рк Алкалоид)📷