Екипата на Алкалоид запиша висока победа против екипата на Драчево со конечни 42-26 во плеј-офот во Првата лига.
Алкалоид од почетокот на натпреварот беше во водство, и на полувреме имаше високи 16-9. Во второто полувреме Алкалоид ја завери високата победа против Драчево.
Најефикасен во екипата на Алкалоид беше Мартин Серафимов со 12 погодоци, додека кај екипата на Драчево најефикасен беше Димитар Матовски со осум погодоци.

(фото-Рк Алкалоид)📷