Ракометарите на Алкалоид остварија висока победа против екипата на Прилеп со резултат 37-22 во Супер лигата.
Алкалоид добро одржуваше предност и на пауза замина со водство од 19-12. Во второто полувреме растеше предноста на Алкалоид против тимот на Прилеп.
Најефикасен кај Алкалоид беше Александар Петковски со шест гола, додека најефикасен кај Прилеп беше Пеце Ѓорѓиески со девет гола.
(фото – Рк Алкалоид)📷