Алкалоид тргна со победа во Супер лигата на гости кај тимот на Прилеп

Екипата на Алкалоид забележа победа на гостувањето кај екипата на Прилеп со конечни 43-30 во првото коло од Супер лигата.

Алкалоид добро го започна натпреварот и успеа на полувреме да замине со предност од 22-17. Во второто полувреме Алкалоид продолжи со добрата игра, за на крај да слави против Прилеп.

Најефикасен во тимот на Алкалоид беше Мартин Серафимов со осум погодоци, додека кај екипата на Прилеп најефикасен беше Давор Шокоски исто така со осум погодоци.

(фото-Рк Прилеп)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.