Екипата на Алкалоид забележа победа на гостувањето кај екипата на Тинекс Пролет со резултат 28-22 во плеј-офот од Супер лигата.
Алкалоид ја презема контролата на резултатот, па на полувреме имаше предност од 14-11. Во второто полувреме Алкалоид продолжи со водството, па на крај да се радува на победа против Тинекс Пролет.
Најефикасни во екипата на Алкалоид беа Игор Ѓоргиев и Александар Стојков со по пет гола, додека кај екипата на Тинекс Пролет најефикасен беше Александар Василевски со шест гола.
(фото – Рк Алкалоид)📷