Алкалоид триумфираше во дерби натпревар со екипата на Тиквеш

Екипата на Алкалоид забележа победа против тимот на Тиквеш со минимални 26-25 во натпревар од плеј-офот од Супер лигата.

Тимот на Алкалоид на пауза имаше предност од 14-12. Во второто полувреме при крајот на натпреварот Тиквеш имаше шанса за реми но сепак голманот на Алкалоид, Благојче Трајкоски го одбрани ударот на противничката екипа.

Најефикасен кај екипата на Алкалоид беше Мартин Серафимов со осум гола, додека кај екипата на Тиквеш најефикасни беа Страхиња Симиќ, Мартин Манасков и Ани Обина со по шест гола.

(фото – Рк Алкалоид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести