Екипата на Алкалоид забележа победа против тимот на Еурофарм Пелистер 2 со резултат 35-30 во натпревар од плеј-офот во Супер лигата.
Алкалоид на полувреме имаше предност од 20-15. Во второто полувреме Алкалоид ја одржуваше предноста, па на крај да слави против Еурофарм Пелистер 2.
Најефикасни во тимот на Алкалоид беа Мартин Серафимов и Божидар Илиески со по седум гола, додека кај екипата на Еурофарм Пелистер 2 најефикасен беше Павле Петровиќ со осум гола.
(фото – Рк Алкалоид)📷