Екипата на Алкалоид забележа победа против екипата на Тинекс Пролет со високи 42-20 и се пласираше на Ф4 турнирот во Купот на Македонија.
Составот на Алкалоид немаше проблеми околу победата против Тинекс Пролет, затоа што во текот на целиот натпревар го имаше водството.
Најефикасен кај екипата на Алкалоид беше Дамјан Митев со осум гола, додека кај Тинекс Пролет најефикасни беа Мице Шилегов, Андреј Стојановски и Димитар Симоновски со по четири гола.
(фото – Рк Алкалоид)📷