Екипата на Алкалоид убедливо го совлада тимот на Еурофарм Пелистер 2 со конечен резултат 42-29.
Тимот на Алкалоид од почетокот на натпреварот обезбеди високо водство, па немаше проблеми околу победата против Еурофарм Пелистер 2.
Најефикасни во тимот на Алкалоид беа Марко Митев и Иван Џонов со по седум гола, додека кај екипата на Еурофарм Пелистер 2 најефикасен беше Петар Маркоски со шест гола.
(фото – Рк Алкалоид)📷