Тимот на Алкалоид забележа убедлива победа против екипата на Радовиш со конечни 35-23 во Супер лигата.
Алкалоид уште на полувреме имаше водство од 18-13, па така во второто полувреме ја зголеми предноста за на крај да слави победа против Радовиш.
Најефикасен во редовите на Алкалоид беше Тордарсон со шест гола, додека кај Радовиш најефикасен беше Постолов со осум гола.
(фото – Рк Алкалоид)📷