Екипата на Алкалоид забележа висока и убедлива победа против тимот на Радовиш со 46-21 во Супер лигата.
Составот на Алкалоид уште на полувреме имаше висока предност од 25-9, па така оствари сигурен триумф против Радовиш.
Најефикасен во составот на Алкалоид беше Александар Петковски со осум гола, додека кај Радовиш најефикасни беа Филип Трајанов, Иванче Ончев, Филип Костадинов и Ристе Атанасов со по три гола.
(фото – Рк Алкалоид)📷