Екипата на Алкалоид забележа висока и убедлива победа против екипата на Тинекс Пролет со резултат 34-18 и обезбеди пласман на Ф4 турнирот во Купот на Македонија.
Иако во првото полувреме Алкалоид имаше мало водство, сепак во второто полувреме со добра игра направи високо водство против Тинекс Пролет.
Најефикасен во редовите на Алкалоид беше Дамјан Митев со девет гола, додека кај Тинекс Пролет најефикасен беше Давор Палевски со пет гола.
(фото – Рк Алкалоид)📷








