Тимот на Алкалоид ќе игра на Ф4 турнирот во Купот на Македонија, откако триумфираше против Вардар Неготино со конечни 36-23.
Екипата на Вардар Неготино добро парираше во првото полувреме, но екипата на Алкалоид замина со предност од 17-16 на полувреме. Во второто полувреме Алкалоид ја зголеми предноста за на крај да слави против тимот од Неготино.
Најефикасен во тимот на Алкалоид беше Дамјан Митев со седум гола, додека кај екипата на Вардар Неготино најефикасен беше Лазар Адамовиќ со девет гола.
(фото – Рк Алкалоид)📷