Ангела Камческа една сезона во дресот на Пелистер

Екипата на Пелистер има високи амбиции за следната сезона, па во своите редови донесе нова ракометарка од Прилеп.

Станува збор за Ангела Камческа, која има 19 години, и во Пелистер доаѓа од екипата на Деспина. Камческа со екипата на Пелистер потпиша договор на една сезона. Таа може да одигра на две позиции, десно крило и десен бек.

(фото – ЖРК Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.