Ангела Јанкуловска и Славија Прага обезбедија пласман во финалето во Купот на Чешка

Екипата на Славија Прага, каде настапува ракометарката од Македонија, Ангела Јанкуловска обезбеди пласман во финалето во Купот на Чешка.

Тимот на Славија Прага во полуфиналето ја совлада екипата на Сокол Поруба со високи 37-26.

Ракометарката Ангела Јанкуловска на овој натпревар успеа да постигне пет погодоци во противничкиот гол.

Противник на тимот на Славија Прага во финалето на Купот на Чешка ќе биде екипата на Бањик Мост.

(фото – ЖРК Славија Прага)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *