Екипата на Тиквеш, која со победа против Еурофарм Пелистер 2 од 28-26 ја стартуваше новата сезона во Супер лигата промовира нов ракометар.
Станува збор за ракометарот Ангелче Органџиев. Органџиев настапува на позицијата лев бек, а претходно беше дел од Цвикау (Германија).
Левиот бек има настапувано и за екипите на Радовиш, Борец, Вардар Јуниор и составот на Прилеп.

(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷