Екипата на Прилеп забележа пораз на домашен терен од тимот на Еурофарм Пелистер со резултат 40-25 во Супер лигата.
На овој натпревар светла точка во екипата на Прилеп беше левиот бек Ангел Крстески, кој постигна седум погодоци против Еурофарм Пелистер.
“Честитки до противничката екипа за победата. Ние од ваквите утакмици многу учиме, тие се сепак шампионска екипа, екипа со многу светски имиња. Се надеваме на поголем успех понатаму”, – изјави ракометарот на Прилеп, Ангел Крстески.
(фото – Рк Прилеп)📷








