Поранешната ракометарка на Вардар, Андреа Лекиќ по завршувањето на сезоната ја напушта екипата на Крим од Словенија и се сели во редовите на Ференцварош.
Андреа Лекиќ која има 34 години има настапувано за Вардар, ЦСМ Букурешт, Ѓер, а настапуваше и за репрезентацијата на Србија.
„Навистина со нетрпение очекувам да му се придружам на зелено-белото семејство. Името на ФТЦ е синоним за традиција, еден од најголемите европски ракометни клубови, со неверојатна база на навивачи, така што ќе биде прекрасно да се игра овде”, – изјави Андреа Лекиќ.

(фото-ЖРК Ференцварош)📷