Андреј Добрковиќ е нов ракометар на Вардар 1961

Црногорскиот кадетски репрезентативец Андреј Добрковиќ (18) е нов член на тимот на Вардар каде треба да остане во следните две сезони.

Добрковиќ кој игра на позиција на среден бек доаѓа од тимот на Целје од Словенија каде досега настапуваше.

Во моментов тој се подготвува со репрезентацијата на Црна Гора за настап на кадетското ЕП што од 4 до 14 август ќе се одржи во Подгорица. Потоа ќе му се приклучи на Вардар на подготвките за новата сезона.

(фото-Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.