Андреј Петковски со МВП признание во Полска

Ракометарот Андреј Петковски, кој во новата сезона има нов клуб, а тоа е екипата на Азоти Пулави од Полска доби МВП признание.

Голманот Андреј Петковски во натпревар од лигата во Полска, имаше 14 одбрани и тоа против екипата на Стал Миелец и беше прогласен за МВП на натпреварот.

Екипата на Азоти Пулави забележа победа против Стал Миелец по изведување на пенали со конечни 29-28, а регуларен дел со 25-25.

(фото – Рк Азоти Пулави)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *