Андријана Будимир ќе учествува на кампот “Никола Портнер и пријателите”

Тренерот на ЖРК Скопје, Андријана Будимир и поранешна македонска репрезентативка ќе учествува на кампот “Никола Портнер и пријателите”.

Овој камп ќе се одржи од 1 до 7 јули во една смена во градот Омиш (Хрватска). На овој камп ќе учествуваат момци и девојки од 12 до 18 години.

(фото – Фејсбук/Андријана Будимир)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.