Данската репрезентативка, Ане Мете Хансен од следната сезона ќе има нов клуб во својата кариера.
Таа го напушта тимот на Ѓер на крајот од сезоната, и ќе се пресели во Франција во екипата на Мец. Ане Мете Хансен со екипата на Мец потпиша договор на две години.
„Навистина сум среќна што му се приклучувам на Мец, бидејќи се чини дека е многу добар клуб со семеен дух. Тимот е еден од најдобрите тимови во Франција и Европа, што добро одговара на моите амбиции, сакам да победувам. Едвај чекам да се сретнам со навивачите и да играм пред нив, бидејќи секогаш кога играв во Мец, атмосферата во Ле Арен беше навистина добра“, – изјави Ане Мете Хансен.

(фото – ЖРК Мец)📷