Екипата на Охрид ја очекува натпревар на гостински терен против тимот на Олимпијакос во четвртфиналето од Европскиот Куп.
Ракометарот на Охрид, Анте Иванковиќ имаше своја изјава за овој натпревар, каде изјави дека неговиот тим ќе атакува на позитивен резултат во Грција.
“Не очекува тежок натпревар во Атина против Олимпијакос. Олимпијакос има многу добар тим, со големи имиња во својот состав. Имавме 10тина дена да се подготвиме за овој натпревар, направивме многу добра анализа и тактика и сум сигурен дека секој од нас ќе биде мотивиран и подготвен за дуелот кој ќе ни открие многу за реваншот во “Билјанини Извори”, – изјави ракометарот на Охрид, Анте Иванковиќ.

(фото – ГРК Охрид)📷








