Екипата на Охрид, која има високи амбиции за следната сезона во Супер лига промовираше нов ракометар.
Станува збор за ракометарот Анте Иванковиќ, кој потпиша договор со тимот на Охрид на две сезони.
Иванковиќ (24 години, 196 цм) е дел од поширокиот состав на хрватската репрезентација под кормилото на Перковац и Сигурдсон, а ги има поминато и сите младински категории на репрезентацијата на Хрватска.
Анте доаѓа од Штутгарт по 2 минати сезони, а пред тоа бележеше одлични настапи во тимот на Целје во Лигата на шампионите постигнувајќи 80 голови во 2 сезони. Пред Целје својата кариера ја има започнато во Дубрава (Хрватска).
(фото – ГРК Охрид)📷